Политика за приватност
Кои податоци ги собираме
Податоците што ги внесувате во формуларот (име, е-пошта, телефон, град, порака) и документите што ги прикачувате. Не користиме колачиња за следење ниту аналитика од трети страни.
Зошто ги користиме
Исклучиво за да ја подготвиме понудата и да ја извршиме услугата што сте ја нарачале.
Колку долго ги чуваме
Формуларот не ги зачувува податоците на серверот — тие се праќаат директно на нашата е-пошта. Барањата за кои не е склучена нарачка ги бришеме најдоцна по 12 месеци, а документите поврзани со нарачка ги чуваме онолку колку што бараат законските обврски.
Со кого ги споделуваме
Само со преведувачите, нотарите и институциите кои се неопходни за вашата нарачка. Е-поштата се обработува преку Google Workspace.
Вашите права
Имате право на пристап, исправка и бришење на вашите податоци, согласно Законот за заштита на личните податоци и Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR). Пишете ни на info@abc-office.eu.